Бизнис
18. February 2019 - 20:19

Со поврат на ДДВ ќе се решава сивата економија- бизнисот континуирано бара да се стави крај на проблемот

Со мерката за повраток на ДДВ за граѓаните државата планира да ја решава сивата економија, тврди премиерот Заев. За работата на црно се жалат и домашните и странските компании. Заев смета и дека инспекторите ќе треба подобро да ја извршуваат својата работата, односно, тие да не бидат „страшила“, туку да соработуваат со бизнисот за да се реши овој горлив проблем.

Бизнис заедницата деновиве укажува дека сивата економија е голем проблем и за државата и за приватниот сектор. Според стопанството, бројката на невработени луѓе е помал од официјалниот, бидејќи голем број работници работат во сивата зона.

Велат дека нелегалните фирми ја поткопуваат конкурентноста, бидејќи тие можат да држат ниски цени, наспроти компаниите кои ги почитуваат правилата и ги плаќаат сите давачки кон државата.

Според податоците на бизнис коморите, сивата економија е застапена со над 30 проценти.