Македонија
19. February 2019 - 21:22

Со потешкотии се спроведува теренската вакцинација против морбили во училишта

Со потешкотии се спроведува теренската вакцинација против морбили во училишта. Родители и раководствата на три основни во Скопје Кочо Рацин, Владо Тасевски и Ѓорѓија Пулевски не дозволиле невакцинираните да примаат МРП, информираат од Здравствен Дом Скопје.

-Во Кочо Рацин има 98 невакцинирани. Се договоривме со училиштата и млокалната самоуправа вакцинацијата во овие училишта да ја спроведеме во петок,изјави д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен Дом Скопје.

Но, за два дена во други 7 училишта тимовите вакцинирале повеќе од 100 основци. Според податоците од ИЈЗ МРП не примиле 3700 деца од Скопје кои одат во училиште. Од нив дури 20 проценти се првачиња.

Иако комисијата за заразни болести препорача во екот на епидемијата со МРП да се вакцинираат и бебиња со наполнети 6 месеци, ова на терен не се спроведува. Здравствен дом скопје сеуште чека официјална одлука од министерството за здравство.

Во меѓувреме постојано се зголемува бројот на заразени со мали сипаници. Вчера на Инфективна биле регистрирани 13 нови случаи, од кои 7 ги задржале на болничко лекување. На Клиниката во критична состојба и на апарати за дишење се дете и маж на 56 годишна возраст.