Бизнис
12. December 2018 - 22:18

Со попусти до 50 отсто, Сетек го прославува 25-тиот роденден

Со попусти до 50 отсто, Сетек го прославува 25. роденден. Граѓаните во следните денови ќе можат да најдат се` од техника по пониски цени.

Сакаме да ги повикаме сите наши верни потрошувачи и граѓаните Република Македонија да дојдат од среда до недела и да се уверат во големите попусти што ги даваме по повод нашиот јубилеј. Има навистина многуброен попуст на целата гама на техника која што ја нудиме. Почнувајќи бела техника, телевизори, мобилни телефони, лап-топ-ови и се` што може да се замисли, изјави Дејан Кимовски, директор на Сетек.

Најбарани производи во овој период се телевизорите, паметните телефони и прочистувачите на воздух. Побарувачката на техника традиционално се зголемува пред новогодишните и божиќните празници.

- Секоја Нова година, таков е обичајот на нашиот народ, т.е. на сите луѓе. Дали со облека, дали со техника, се што треба за дома, рече Кимовски.

Компанијата нуди и плаќање на рати. Сетек има 27 продажни салони, од кои 7 се во главниот град.