Loading Video...
Кошарка
23. March 2019 - 15:05

Со помош на публиката и голема борба, кошаркарите на МЗТ Скопје верува во победа над Спарс

 
 
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре ќе го одиграат вториот натпревар од полуфиналето во АБА2 лигата. 
 
Аеродромци ја имаат првата меч топка во дуелите со сараевски Сарс, за влез во финалето. 
 
Ова откако на првиот меч на гостински терен МЗТ Скопје славеше победа со 71:70, па сега пред својата публика ќе атакуваат втората победа која ќе им донесе пласман во финалето, а со тоа и во најмала рака шанса за враќање во првата дивизија од регионалното натпреварување. 
 
„Победата на теренот на противникот ја заборавивме уште по пат накај Скопје. Ова е плејоф, каде што влогот е голем, а секој натпревар поразличен од претходниот. Очекувам уште еден неизвесен дуел против Спарс, во кој мотивацијата ќе биде клучен фактор. Во мечот ќе влеземе без никакви калкулации и ќе дадеме се од себе за да победиме. Ќе го заборавиме заморот, кој реално е присутен во тимот, бидејќи желбата да играме финале е поголема од него. Знам дека играчите се свесни за тоа и знам дека ќе го дадат својот максимум. Ги повикувам и нашите навивачи да дојдат во што поголем број да ни помогнат до уште една исклучително важна победа“, вели тренерот на аеродромци Ѓорѓи Кочов 
 
Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Спарс кој ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне во терминот од 17 часот.