Со помош на ЕУ се чистат коритата и каналите на реките Црна и Струмица
Во Пелагонискиот и во Струмичкиот регион почна чистење на сливовите на реките Црна и Струмица. Станува збор за обемен зафат за зголемување на пропусната способност на постоечката каналска мрежа, преку отстранување на вегетацијата и акумулираниот нанос, како и реконструкција на оштетените делови на регулираните делници.
Оваа интервенција е во рамки на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите и напорите за обезбедување соодветна заштита од штетното дејство на поплавите на земјоделските површини и населените места во Пелагонија и сливот на река Струмица.
Со средства од ЕУ ќе бидат исчистени околу 40 километри канали во сливот на Црна Река во Пелагонија и околу 20 километри во сливот на реката Струмица.
- Овие мерки значително ќе придонесат кон намалување на ризикот од поплавите до поприфатливи нивоа, со оглед на тоа што не постои можност тие во целост да се спречат. Социо-економските анализи кои претходеа на овие интервенции предвидуваат значително зголемување на нето добивките како резултат на избегнатите трошоци за надоместување на штетите и загубите од проектираните можни идни поплави, изјави Димитрија Сековски, раководител на Програмата.
Најголеми штети во пелагонискиот регион претрпеа општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево, во кои беа загрозени домовите на околу 15 илјади лица, а беа поплавени десетици илјади хектари земја. Во струмичкиот регион најпогодени од поплавите беа Муртино, Сачево, Просениково, Дабиле и други населени места. Поплавени беа домови, земјоделски култури и механизација. Токму во овие подрачја, како најподложни на поплави, ќе бидат сконцентрирани најголемиот број на интервенциите во рамките на Програмата.
За рехабилитација на водостопанската инфраструктура и објектите за заштита од поплави, во рамките на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите издвоени се речиси седум милиони евра. Со овие средства, покрај обновувањето на одводнителните канали, ќе се санираат и четири брани оштетени од поплавите.
Програмата на Европската унија ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство во Секретаријатот за европски интеграции, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, Водостопанство на РМ и локалните самоуправи во погодените општини.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово