Македонија
4. October 2016 - 18:19

Со помош на ЕУ продолжувачистењето на коритата и каналите на реките Црна и Струмица

Започна чистењето на коритата и каналите на реките Струмица и Црна.  Чистењето се реализира со помош на ЕУ во рамки на програмата за санација на штетите од поплавите и напорите за обезбедување на соодветна заштита од штетното дејство на поплавите на земјоделските површини и населените места во Пелагонија и сливот на река Струмица. За реализација на целиот проект обезбедени се средства во висина од 7 милиони евра наменети за цистење на двете позиции.

,, Се чистат две позиции во овој момент, тоа е во Пелагонија и по сливот на река Струмица, односно во овој момент сме на река Струмица каде што се проектирани 24 километри да бидат исчистени од вегетација во прва фаза и втора фаза чистење на нанос. Во овој момент се врши чистење на околу 14 лиометри од првата фаза. Очекуваме многу брзо оваа фаза да биде завршена.  УНДП ќе распише оглас бидејќи  сето ова се реалзира преку нив  и за дополнителни два  километри некаде помеѓу Босилово и Дабиле  и после завршувањето на овие два проекта ќе  се пристапи кон скенирање на теренот таму каде што има регулирано речно користо а потоа  ќе се пристапи кон нова фаза,  односно вадење на наностот.,, вели Ромео Тренов директор на Водостопанство на РМ

Чистењето на каналите и речните корита на Црна Река и сливот на река Струмица е дел од поголема програма која има за цел да го намали ризикот од поплави во овие две подрачја и претставува комбинцаија на различни инфраструктурни и меки мерки.

,, Со самото чистење на вегетацијата и поправање на некои насипи и отстранување на наносот од некои критични делници ќе бидеме во можност да спречиме годишни штети во просек од околи 1 милион и 200 000 евра само со оваа мерка. Покрај тоа во текот на наредните години предвидени се и други мерки пред се во подобрување на режимот на управувањето со акумулациите кои што постојат во овој слив, воведување на систем за прогностика на тие поплави и употреба на соодветни модели за управување со ризикот од поплави.,, вели Димитрија Сековски, Раководител на Програмата.

Од поплавите во изминатите неколку години најголеми штети во пелагонискиот регион претрпеа општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево, во кои беа загрозени домовите на околу 15 илјади лица, а беа поплавени десетици илјади хектари земја. Во струмичкиот регион најпогодени од поплавите беа Муртино, Сачево, Просениково, Дабиле и други населени места. Поплавени беа домови, земјоделски култури и механизација. Токму во овие подрачја, како најподложни на поплави, ќе бидат сконцентрирани најголемиот број на интервенциите во рамките на Програмата.

Програмата на Европската унија ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство во Секретаријатот за европски интеграции, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, а.д. Водостопнаство на РМ и локалните самоуправи во погодените општини.