Македонија
1. January 2021 - 16:46

Со помалку еуфорија и поголеми очекувања дочекана 2021 година

Нестандардна и поинаква новогодишна ноќ, исполнета со тишина и молитви за добро здравје.

Наместо за угостителите и музичарите, оваа невообичаена Нова Година беше работна за многумина од јавните служби. Здравствените работници, како и во текот на минатите 10 месеци, и оваа ноќ ја минаа грижејќи се за хоспитализираните на Инфективната клиника.

На готово беа и дежурните екипите на Брзата помош.

Додека на едни им е најважно здравјето и ги послушаа препораките за дочек на новата година во домашни услови, други немаа проблем да излезат и прослават на централниот плоштад. Но, присутна беше и полицијата.

Многупати ѕвонеше и бесплатниот телефонски број, каде граѓаните можеа да пријават непочитување на мерките и прекршување на протоколите.

Oвие пријави од граѓаните ќе добијат и судска разрешница за сторено кривично дело поради „непостапување според здравствените прописи за време на пандемија”.