Бизнис
30. January 2019 - 16:29

Со поголеми субвенции до поуспешен туризам

Преку проширување на начинот на субвенционирање до  поголем развој на туризмот

Субвенционирањето на тур операторите кои носат туристи во земјава дава добри резултати но по теркот на Србија која има слична туристичка промоција каде се субвенционираат и угостителите и  компаниите  за одржување на хигиена паркови и зеленило и Македонија треба да го прошири начинот на субвенционирање . Државата во периодот од 2011 година потрошила  околу 8 милиони евра за субвенции а само минатата година од туризмот остварила приход од 300 милиони евра од кои 50 милиони завршиле во буџетот на Македонија.

Деканот на факултетто за туризам и угостителство Андреески смета дека треба да се прошири субвенционирањето  на туристи особено од  Германија и околните држави.

Добрите познавачи сметаат дека потребни се конекции со тур оператори од овој регион и промоција за привлекување на туристи.