Македонија
27. January 2019 - 17:54

Со подобра инфраструктура до повеќе посетители на националниот парк Галичица

Преку искористување на природните ресурси туристички ќе се развива националниот парк Галичица. Планината која од година во година привлекува се повеќе туристи покрај постојаните планинарски и велосипедски патеки ќе ја  обновува и инфраструктурата која вклучува планинарска маркација и патокази за љубителите на природата да можат одблиску да ги доживеат живописните планински предели  .

 Со Договорот за финансирање помеѓу НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид во висина од 147 000 евра  ќе се подобрува управување со  заштитените подрачја.

Од Галичица најавија и апликација за мобилни телефони се со цел поголема информираност на посетителите за вредностите на паркот и безбеден престој во планината.