Loading Video...
Кошарка
30. October 2018 - 14:07

Со подмладени сили и без американско засилување кошаркарките ќе ги завршат квалификациите

Марјан Лазовски, селекторот на женската репрезентација на Македонија, го скрати списокот на повикани кошаркарки за претстојните два евро-квалификациски натпревари. 
 
За првиот собир што е закажан за 12 ноември со почеток во 20 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки. 
 
Меѓу повиканите го нема името Дјуана Бонер која требаше да биде новото големо засилување за црвено-жолтите, но Американката поради административни проблеми не доби дозвола за настап. 
 
Од поискусните ги нема ниту Нена Трајчевска и Едина Муса, но затоа на списокот се враќа Јелена Антиќ која поради повреда ги пропушти првите два меча. 
 
На скратениотсписок на Лазовски се: 
 
1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска
 
Првиот дуел од продолжението на квалификациите, нашите кошаркарки ќе го одиграат на 17 ноември,  во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, во Скопје, а противник ќе биде Шведска, додека четири дена подоцна (21 ноември) ќе го затвориме овој циклус на гости кај Хрватската