Loading Video...
Фудбал
8. September 2021 - 14:42

Со поддршка од трибините и победа над Романија да го прославиме државниот празник

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва ќе го одигра шестиот натпревар во квалификациите за СП во Катар 2022, противник е Романија
 
Романците не победија со 3:2 во дуелот од првото коло, а по нашиот кинкс на гостувањето во Исланд сега тие се пред нас на табелата со бод повеќе. 
 
Ваквата моментална состојба на табелата за селекторот Милевски и не е некој проблем. Тој смета дека вечерашниот меч против Романија не е решавачки што се однесува до позициите кои носат пласман или бараж за СП, и дека најверојатно тоа ќе се решава во последната рунда. 
ТОНСКИ
Голманот Столе Димитриевски верува дека целиот тим е подготвен да го даде максимумот и да се избегне пораз како на првата средба во Букурешт. 
ТОНСКИ
Сигурно дека поддршката од трибините на националната арена „Тодор Проевски“, како и прославата на големиот празнит, односно 30-годишнината од независноста на Македонија, ќе бидат и дополнителем мотив за нашите фудбалери, кои воедно ќе сакаат да и се реваншираат на Романија за поразот во Букурешт.
 
Дуелот меѓу Македонија и Романија ќе старува во 20 часот и 45 минути, термин во кој ќе се игра иу средбата Исланд – Германија, додека од 18 часот, започна натпреварот меѓу Ерменија и Лихтенштајн. 
 
 
ТАБЕЛА 
1. ГЕРМАНИЈА 12 бодови
2. ЕРМЕНИЈА 10 
3. РОМАНИЈА 9 
4. МАКЕДОНИЈА 8  
5. ИСЛАНД 4
6. ЛИХТЕНШТАЈН 0