Loading Video...
Фудбал
31. January 2020 - 14:58

Со победа над Велс македонската фудсал селекција ги почна ЕУРО предквалификациите

Македонската футсал репрезентација со победа од 1:0 го отвори претквалификацискиот турнир за Европското првенство 2020. 
 
Нашата селекција која е и организатор на натпреварите од групата И чии средби се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во меч од 1.коло на победија селекцијата на Велс минимално со 1:0 со голот на Даниел Де Соуса во 23. минута
 
Денеска на програмата е дуелот меѓу Велс и Норвешка селекција која според најавите ќе биде и главен конкурент на нашата репрезентација за освојување на 1.место во групата кое носи пласман во главната фаза од квалификации за ЕП .
 
Дуелот меѓу Македонија и Норвешка ќе се игра утре со почеток од 19 часот