Ракомет
18. July 2017 - 19:36

Со победа над Русија младите македонски ракометари го започнаа СП

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија со победа над Русија го започна својот настапот на Светското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Алжир. 
 
Младите македонски ракометари ги совладаа руските врсници со 29-23 полувреме 10:11. 
 
Првиот дел се играше гол за гол, а на крајот Русите има минимална предност од 11:10. Во вториот дел противникот поведе и со три гола разлика 14:11, но црвено-жолтите успеаја брзо да се вратат во игра и да израмнат на 15:15. Набргу потоа избраниците на селекторот Илија Темелковски го презедоа и водството кое од минута во минута го зголемуваа за  на крајот да остварат победа со седум гола разлика 29:22.
 
Во другите два натпревари од оваа група кои беа одиграни претходно Шпанија го победи Бразил со 29:21, а Тунис беше убедлив против Буркина Фасо со 50;17. 
 
Утре е слободен ден во нашата група, а дуелите од 2.коло ќе се играат во четврток и тоа: Бразил - Тунис (од 17 часот), Русија  - Шпанија (19 часот) и Македонија - Букина Фасо  од 21 часот). 
 
Потсетување дека првите четири места во групата носат пласман во осминафиналната рунда.