Македонија
9. May 2018 - 11:39

Со пиштоли влетале во бензинска во Скопје - вработените во шок

Разбојништво на бензинска пумпа во Скопје, полицијата трага по напаѓачите. Како што информираат од полицијата, утринава во 04:15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на бензинската пумпа лоцирана на улицата „Перо Наков“ две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво и одзеле 6.000 денари по што со моторцикл го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. ев/11:04