Македонија
21. May 2017 - 13:24

Со пиштол ограбена обложувалница во Скопје

Непознат сторител вчера околу 22:20 часот во Скопје извршил разбојништво во спортска обложувалница на улицата „Иван Хаџиниколов“.

Сторителот со закана со огнено оружје од вработената одзел пари од дневниот промет по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.