Со пиштол и нож ограбиле таксист - приведени разбојници од Визбегово
Полицијата уапси двајца разбојници од Визбегово кои со закана со нож и пиштол ограбиле таксист.
На 27.01.2022 околу 06.15 часот во с.Визбегово, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории кај А.А.(29) и кај Б.Ќ.(30), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.
Имено, кривичното дело двајцата го извршиле на 21.01.2022, при што со закана со нож и пиштол од таксист од Скопје одзеле пари и мобилен телефон. При претресите кај двете лица биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. А.А. и Б.Ќ. биле лишени од слобода, против нив е изготвен поднесок, а од страна на судија определена им била мерка притвор.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада