Македонија
10. December 2018 - 16:38

Со пари од донации државата ќе се справува со загадувањето

Шведска ќе помогне со 2 ипол милиони евра за поправка на инструментите за мерење на воздухот и набавка за нови. Исто толку пари Владата има  издвено за 2 годишната стратегија за почист воздух. Владините претставници одржаа состанок со донатори и меѓународни партнери, од кои побараа финансиска но и  стручна помош, предлози и искуства за поефикасно да го реализираат стратешкиот план. Заменикот за животна средина тврди дека резултати може да има и оваа зима со промената на изворите на затоплување.  

„ Граѓаните не сакаат да загадуваат, но ние треба да им помогнеме и тоа ќе го направиме со субвенции за еколошки извори, со подигнување на енергетската ефикасност на објектот, со замена на печките на јаглен и се надевам дека ќе добиеме консензуална поддршка во Собранието да се донесе закон за забрана за користење јаглен како извор на затополување. Тоа ќе биде една драстично корисна мерка која не треба да се искористи од аспект на социјала, туку од аспект на заштита на животната средина како една од клучните компоненти.

доколку се продолжи со замена на нееколошките извори, чистење на депониите, засадување на садници, засилени инспекции и заплена на нееколошки средства, резултатот брзо ќе дојде.“

Вицепремиерот Бујар Османи е национален координатор кој ќе се погрижи донаторските и домашните средства да бидат користени спроед  приоритетите од програмата.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава смета дека е потребна поголема координација меѓу министерствата за справувањето со овој проблем.

Помош од донаторите побара и министерот за животна средина.

Владата ветува дека за две години од сега со оваа стратегија за 50 проценти во некои градови ќе го намали загадувањето.