Со палење лозови прачки предизвикале пожар
Со палење лозови прачки непознати лица предизвикале пожар во неготинско, но за среќа се запалила само трева и не е предизвикана поголема штета, информира денеска Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино.
Тој посочи дека вообичаено се предизвикуваат пожари од невнимание кога секоја година во овој период во Тиквешко се горат прачките од лозите и праските.
- Апелираме до сите лозаропроизводители и овоштари да внимаваат кога ги горат лозовите и прасковите прачки за да не предизвикаат пожар и да не ја загрозуваат безбедноста и природната околина. Доколку се решат да ги горат прачките, да бидат присутни се додека не згасне огнот. Во спротивно, тој може да земе сила откако тие ќе си одат и да предизвика несогледливи последици. Тогаш би се соочиле со законски казни за невнимание и несовесно однесување и предизвикување на општа опасност, нагласи Илиев.
Тој укажа на штетите што може да ги предизвикаат со неконтролираното горење на лозовите и прасковите прачки кои остануваат како отпад по резидбата на плантажите со лоза и со праски.
Ново на Сител
-
ЕУ повика на целосно почитување на договорот за примирје меѓу Израел и Либан
-
24-годишна битолчанка купувала и препродавала кокаин
-
Пешак загина во сообраќајка кај Валандово
-
Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство
-
Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме сценарио за конфликти, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња
-
ДУИ: Полицијата ги предизвика инцидентите со палење на македонското знаме
-
Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон