Здравје
18. January 2016 - 15:24

Со оваа храна ќе загубите 7 килограми за 7 дена!

Една од најпопуларните, но исто така и многу строга диета е секако онаа во која се конзумира јогурт. Ферментираните млечни производи се познати како вистинско богатство за правилно функционирање на цревата и забрзување на метаболизмот.
 
Оние кои се обиделе, велат дека резултатите се фантастични. За да не ви се вратат килограмите после диетата, потребно е еден ден во неделата да направите детоксикација, така што целиот ден ќе пиете само јогурт.
 
Храната не е распоредена по оброци. За секој ден имате одредена количина храна која може да се јаде и пие, а на вас останува како ќе ја распоредите. Користете чаша од 200ml.
 
Мени
 
1. ден
5 печени компири, 6 чаши јогурт
 
2. ден
200грама варено пилешко, 6 чаши јогурт
 
3.ден
200 грама телешко, 6 чаши јогурт
 
4. ден
200 грама риба, 6 чаши јогурт
 
5. ден
Неограничено овошје и зеленчук, освен банани и грозје поради прекумерната количина на шеќер, 6 чаши јогурт( не го комбинирајте јогуртот со овошјето).
 
6.ден
1 литар јогурт
 
7. ден
1 литар јогурт
 
Препорачливо е месото и компирите да ги јадете за ручек, а другите оброци треба да се „пополнат“ со јогурт.
 
Обидете се нема ништо да загубите, освен оние 7 килограми!