Интернет
26. April 2016 - 13:28

Со оваа грешка барем еднаш во животот сте се сретнале- еве што значи

Со оваа грешка барем еднаш во животот сте се сретнале, а сега е откриено и што точно значи бројот 404.
 
404 грешка, страницата  не е пронајдена е нешто што сите сме го прочитале, а доколку не сте знаеле до сега, според една теорија 4040 била собата на научници кои работеле во Швајцарија, а кои се заслужни за развој на Интернетот. Многумина верувале дека пораките стигнуваат токму од таа соба, меѓутоа не е така, ова тврдење е погрешно.
 
Секој HTTP код си има свое значење, а првата четворка значи дека за грешката е одговорен клиентот, броевите 0 и 4 значат дека нема содржина, или дека нешто е тргнато во зависност од страната.