Бизнис
30. November 2017 - 19:42

Со ова темпо на раст, Западен Балкан ќе го достигне европскиот стандард за 60 години

Ќе бидат потребни шест децении за нивоата на приход во земјите од Западен Балкан да ги достигнат оние на Европската Унија (ЕУ), ако економиите во регионот продолжат да растат со просечна брзина како меѓу 1995 и 2015 година, се вели во новиот извештај на Светска банка.

Извештајот објавен денес во Виена шесте земји на Западен Балкан – можат да го забрзаат економскиот раст и постигнат побрза конвергенција на приходите со ЕУ.

Реформите и макроекономската стабилност, кои може да овозможат просечно ниво на раст од 5 проценти годишно, би им овозможиле на земијте од Западен Балкан да конвергираат кон ЕУ за само две децении, место за шест, се вели во извештајот.

Во него се посочува дека стапката на невработеност во регионот е скоро два пати повисока од онаа во малите економии кои сега се дел од ЕУ.