Македонија
15. December 2021 - 11:58

Со „опел астра“ излетале од патот, повредени три лица меѓу кои и една малолетничка

Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, во атар на с.Кундино, патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(30) од Пробиштип, излетало од патот, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Љ.П.(25) и уште една малолетна сопатничка, двете од Пробиштип, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом во Пробиштип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.