Со огнено оружје пукано кон авион кој полетал од Загреб, а слетал во Сараево
Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава Klix.ba.
Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.
За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.
– По добиените информации дека при редовната проверка на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, било утврдено оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истражен тим, во присуство на службеници на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, се вели во соопштението.
Треба да се напомене дека безбедноста на патниците за време на летот не била загрозена, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување како и безбедноста на леталото за понатамошен лет.
Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до овој инцидент.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација