Со нож повредени пет лица во џамија во Тирана
Маж на 34-годишна возраст попладнево влегол во џамијата на улица „Патот на Каваја“ во Тирана и со нож повредил пет лица.
Со брза интервенција полицијата успеала да го совлада и како што информираше станува збор за Рудолф Николи од градчето Бурел.
Инцидентот се случил во 14:30 часот кога во џамијата сега уапсениот Николи, кој, според очевидци, бил многу агресивен, почнал да напаѓа без да гледа во кого погодува со ножот, што создало хаотична ситуација во верскиот објект.
Повредените биле веднаш транспортирани до најблиската здравствен установа каде им е дадна соодветна лекарска помош и тие се вон животна опасност.
-Повредени се неколку наши браќа верници, како и неколку лица од џамискиот одбор. Освен во објкетот тој почна да напаѓа и лица на улица, кои за среќа усопеаја да побегнат. Се надеваме дека не станува збор за терористички чин туку дека напаѓачот е лице со ментални проблеми, изјави за агенцијата Балкан веб видно вознемирен имамот на џамијата Ахмет Калаја.
Увидна екипа и обвинител се на местото на настанот.
Ново на Сител
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг