Македонија
9. January 2019 - 21:29

Со нож нападнал колешка во Агенцијата за медиуми

Вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, денеска на работното место со нож нападнал колешка.

Според неофицијални информации, напаѓачот, но и нападнатата се лица од албанско етничко потекло, пишува Нетпрес.

Од МВР, за „Нетпрес“ го потврдија случајот.

-На 09.01.2019 во 14.48 час. Ш.Т. пријавила дека во канцеларија на ул.„Македонија“ на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги нејзиниот колега Н. З. почнал вербално да и се заканува, а потоа и се заканувал и со нож. Полициски службеници излегле на местото на настанот. По целосно документирање на случајот против Н.З. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.