Македонија
20. April 2021 - 21:37

Со нож ја убил сопругата во Струга па се обидел да се самоубие

Вечерва во Струга на улицата „Ристо Крле“ се случило убиство.

Според првите неофицијални информации се работи за убисто извршено од сопруг врз неговата сопруга.

Најпрво мажот со нож ја заклал сопругата, а потоа се обидел да се самоубие. Неофицијално сопругот е пренесен во болница и е во животна опасност.

Повеќе информации се очекуваат подоцна.