Свет
3. јуни 2017 - 8:34

ОН со нови санкции за Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа едногласно усвои резолуција за проширување на санкциите кон Северна Кореја.

Санкции ќе бидат воведени против 14 севернокорејски претставници и четири компании, на кои им е воведена забрана за патување и замрзнување на средства.

Со новите имиња „црната листата“ има 39 поединци и 42 компании.