Loading Video...
Фудбал
31. August 2020 - 18:41

Со нова победа Силекс се врати на првото место на табела

Екипата на Силекс со пресврт забележа победа над Ренова со 3-1. 
 
Иако со голот на Рамадани во 8-та минута гостите поведоа со 1-0, сепак на крајот на првиот дел Кратовци веќе имаа предност. 
 
Најнапред Пепи Ѓоргиев во 43.минута ги израмни резултатот, а судиското надополнување Денис Ристов го постигна вториот гол. 
 
Домаќините не застанаа тука. Напротив, во вториот дел постигнаа уште еден гол и тоа втор на Горгиев во 62.минута. 
 
Вториот натпревар одигран попладнево во Тетово, во кој Шкендија го пречека Борец заврши без победник 1-1. 
 
По четири одиграни кола Силекс е лидер на табелата со 10 бодови, колку што има и Шкупи, додека трето пласираната Шкендија досега освои 8 бода. 
 
Во Првата лига сега претстои пауза до 14 септември поради настапот на двете репрезентации во европските натпреварувања.