Loading Video...
Ракомет
23. May 2019 - 18:22

Со нова опрема вардарци ќе атакуваат на фајнал-форот во Келн

Со нови дресови ракометарите на Вардар ќе атакуваат на нова круна во Лигата на шампионите 
 
Под мотото „НОВ ДРЕС, ИСТА ЦЕЛ – ПОБЕДА ВО КЕЛН“, денеска беа промовирани новите дресови кои ракометарите на Вардар ќе ги носат на завршниот Фанјал-фор во Лигата на шампионите. 
 
Опремата во чиј дизајн партиципираа и самите ракометари денеска ја промовираа Мартин Поповски и Кристијан Дисингер. 
 
Македонскиот шампион за противник во полуфиналето ќе ја има фаворизираната Барселона, но без разлика на двата порази во групната фаза Германецот, Дисингер смета дека шансите за успех се 50:50. 
 
Завршниот турнир во Келн на програмата е на 1 и 2 јуни. 
 
Новите дресови со поемотивна цена од 2.490,00 ден се достапни во традиционалните, црвено и црна боја што е „домашен дрес“ за настап кога вардарци се домаќини, и во белата боја, коишто се гостински дресови