Loading Video...
Ракомет
19. November 2019 - 15:25

Со нов спортски директор ракометарите на 21 декември ќе ја започнат „операцијата ЕУРО 2020-та“

Долгогодишниот ракометен судија Димитар Митревски во иднина ќе ја извршува функцијата Спортски директор. Ова е одлуката на УО на РФМ, на која Митревски беше назначен на местото на Милчо Чакарески. Прв голем предизвик за новиот спортски директот ќе биде настапот на машката репрезентација на ЕП во јануари месец следната година.  
 
Инаку подготовките за ЕУРО нашите ракометари ќе ги започнат на 21 декември во Скопје и тоа со проширен состав и неколкумина млади ракомети. 
 
Во планот на селекторот Брестовац е и турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија на 28 и 29 декември, каде по комплетирањето во Скопје на 2 јануари, репрезентацијата ќе замине за Словенија, каде ќе ги финишира подготовките со контролни дуели на 3 јануари против Словенците и на 5 јануари против Црна Гора. Оттаму на 9 јануари се заминува за Виена, а ЕП ќе го започнеме на на 10 јануари против Украина, по што на 12 јануари ќе следува дуелот со Чешка, а на 14 јануари против домаќинот, Австрија.
 
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов побара  поголема ангажираност и од клубовите во македонскиот ракомет, особено кога станува збор за женскиот ракомет, потенцирајќи дека постигнатите резултати се далеку од она што се очекува, особено имајќи в предвид дека Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2022 година.