Со нов асфалтен пат се поврзаа Македонците од Борје и Глобочица
Нов асфалтен пат изграден е од двете страни на граничниот премин Борје-Глобочица на албанско-косовската граница, во областа Гора.
- Граничниот премин е од локален карактер и го користат Македонците од двете страни на областа Гора. Должината на патот од Борје до граничниот премин е 2,5 километри а неговата изградба ја финансираше албанската влада преку Фондот за развој, во рамки на програмата “За рехабилитација на приоритетните патишта во земјата”. Од село Глобочица до преминот, од косовска страна, должната на патот е околу 1,4 клометри, пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.
Покрај проширувањето и асфалтирањето, на патот се поставени и безбедносни браници, како и потребната хоризонтална и вертикална сигнализација
- Инвестирањето во областа Борје е од витално значење за жителите на ова село, поради географската положба на селото во однос на другите села во областа Гора. Селото Борје се наоѓа на околу 32 километри од севернИот албански град Кукс и е планинско село, кое располага со многу природни убавни и нуди идеални услови за развој на селскиот и зимски туризам, констатира весникот.
Во областа Гора, во североисточниот дел на Албанија се распослани девет, додека на крајниот југозападен дел на Косово 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати под името горани.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок