Македонија
28. September 2016 - 16:09

Со набавката на 50 електрични автобуси Скопје ќе биде лидер во регионот

Најавените 50  електрични автобуси за градот Скопје нема да предизвикуваат никакво загадување и прават многу помала бучавата, сметаат експертите за животна средина.

Дополнително граѓаните ќе имаат поудобно возење поради поголемата комоција. Се добива ефект на транвај.

Со овој проект кој го најави претеседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски нашиот главен град ќе се вброи во светските метрополи кои веќе користат ваков превоз.

Вакви автобуси се користат во Кина, Канада, Бразил, Франција, Англија, Италија и уште голем број држави.

Само Кина годишно става во функција 40.000 вакви автобуси. Покрај Скопје на Балканот само Белград најави дека ќе воведе пет нови електрични автобуси во Нов Белград на линија долга 7,8 километри. Со едно полнење на батеријата таквите  електрични  автобуси може да поминат 25 километри.

Во последно време во светот се повеќе користат германските електрични автобуси со капацитет за 150 луѓе. Доколку градот Скопје набави 20 големи автобуси со нив би можеле да се превезуваат 3000 луѓе кога сите автобуси се во функција.