Македонија
18. March 2019 - 10:41

Со мотоцикл во смрт: Двајца возачи загинаа во две одделни сообраќајки на македонските патишта

Вчера во 14.45 часот на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „Кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(21) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. 

Вчера во 16.00 часот на автопатот Градско - Велес, во близина на место викано „Усек“, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Мерцедес Спринтер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(74) од с.Претор, ресенско, (со привремен престој во Швајцарија) и мотоцикл „БМВ“, управуван од А.Д.(30) од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.