Македонија
3. October 2016 - 13:32

Со мопед прегазен пешак во Штип, возачот побегнал

Вчера околу 10.10 часот во Штип на ул.„Косовска“ се случила сообраќајна незгода во која непознато лице-возач, управувајќи мопед со непознати регистарски ознаки, удрил во пешакот М.С. (65) од Кавадарци.

Со возило на Итна медицинска помош М.С. бил пренесен во Клинички центар Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид  на местото на настанот извршила екипа увидна од СВР Штип.