Македонија
9. March 2021 - 16:10

Со мопед прегазен 83-годишен маж, сторителот избегал а пешакот починал во болница

Непознат човек со својот мопед удрил пешак па избегал. Прегазениот 83-годишник од здобиените повреди починал во болница.

- На 08.03.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје, И.П.(50) од Скопје пријавил дека на 01.03.2021 во периодот од 14.00 часот до 15.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ неговиот татко Р.П.(83) бил удрен од мопед, кој го напуштил местото. Во незгодата пешакот се здобил со повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на 02.03.2021 во 22.30 часот починал, соопштија од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.