Македонија
29. јуни 2022 - 12:29

Со мониторинг општина Радовиш ќе ја чува Плачковица

Општина Радовиш воведува 24 часовен мониторинг и контрола на движењето во планината Плачковица. 
 
На тој начин планираат да го  намалат  дрвократството и уништувањето на шумата, но и загадувањето на животната средина од несовесните лица кои прават диви депонии. За таа цел на патот кој води кон планината општината постави и монтажен објект за потребите на службите кои ќе бидат вклучени во мониторингот.
 
Од општината велат дека мониторингот и контрола не се однесува на граѓаните кои рекреираат туку исклучиво е наменета за несовесните граѓани кои нелегално ги сечат шумите и ја загадуваат животната средина.
 
Освен на патот кон планината Плачковица наскоро објекти за контрола и мониторинг ќе бидат поставени уште на две други локации  на кои општината детектирала проблеми со дрвокрадците и дивите депонии.