-->
-->
Со молотов коктел нападнат домот на алтернативниот министер за здравство на Грција
-->
Непознато лице, веројатно пеш, околу 5.30 часот утрово фрлило молотов коктел врз домот на алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис, при што била предизвикана мала материјална штета врз вратата од гаражата.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, полицијата привела четири лица, еден бил ослободен, а за другите тројца се води истрага дали се поврзани со инцидентот.
Алтернативниот министер за здравство на Грција, Полакис се огласи преку неговиот официјален Фејсбук профил, меѓу другото велејќи дека оние кои стојат зад нападот се плашат од гонењата што ќе уследат за низа скандали во чие откривање придонел тој лично, јави дописничката на МИА од Атина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти