Македонија
26. May 2018 - 16:32

Со молитва за починатите завршува задушница

Со денешното принесување молитви и дарови за починатите, завршува Задушница.. Во следните три дена е Духовден или Педесетница.. Тоа е празник посветен на светиот дух“..

Според црквата, не треба да се поврзуваат двата празника.. Утрешниот ден го симболизира слегувањето на светиот дух врз апостолите и започнувањето на светата мисија за ширење на христијанството..

„Денеска е сабота пред Педесетница, ден посветен на починатите и се нарекува Задушница. Всушност ние се наоѓаме во пресрет на педесетницата, а денеска им оддаваме спомен, молитва, молитвен помен, бидејќи педесетница е роденден на црквата и биле членови на црквата. Денес се сеќаваме на нив за утре да го прославиме востановувањето на црквата“, вели отец Бобан..

Отец Бобан вели дека денес е непотребно раздавањето огромни количини храна.. Црвено вино, леб и пченица се доволни за одбележување на празникот..

Духовден или Педесетница е во групата најголеми христијански празници и е темел на црквата..