Македонија
26. January 2022 - 12:26

Со локални автентични производи Охрид ќе ја збогатува својата туристичка понуда

Охридските локални производи ќе бидат подостапни до туристите. Истражувањата покажале дека посетителите сакаат да го запознаат поднебјето кое го избрале како дестинација за одмор со традиционалните автентични понуди.Од Лер најавуват подршка за локалните производители за да можат да се доближат до купувачите. 

Преку обуки ќе се поттикнуваат охридските ресторани, кои ќе покажат интерес за соработка, да ги менуваат досегашните практики.Тие ќе нудат посебни менија каде што ќе се служат исклучиво локални производи.

На овој начин од секторорт за туризам и локален економски развој велат дека ќе се  развие и руралниот туризам кој на гостите ќе им нуди специјалитети традиционални од нивниот крај.