Со лажен мејл и мобилен кочанец ја испразнил сметката на сограѓанин
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.
Во текот на февруари и март 2018 година, пријавениот во име на З.В.(47) од Кочани, без негово знаење и согласност, во четири наврати електронски аплицирал во финансиски друштва за добивање на кеш кредити.
Исто така, пријавениот со лажно креирана Е-маил адреса и мобилен телефонски број на оштетениот, во четири наврати неовластено навлегол во системот за автоматизирани електронски финансиски операции на Банка и без знаење и дозвола на З.В., од неговата платежна картичка подигнал парични средства во износ од 70.800 денари.
Ново на Сител
-
Маск започна дискусии во американскиот Конгрес за намалување на трошоците на федералната влада
-
Владата со пристојни услови за граѓаните - 675 прехранбени производи по ниски цени за време на новогодишните празници
-
Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје
-
Вучевиќ: Експлозијата на каналот Ибар-Лепеница требаше да биде изговор КБС да влезе во северниот дел од Косово
-
Најстудено на Попова Шапка, во Маврови Анови 53 сантиметри снег
-
Лавров: Русија е подготвена да се брани со сите средства
-
АХВ спроведе 192 вонредни надзори во мини маркети и продавници за храна
-
МВР со превентивни кампањи за можни последици од употреба на петарди и други пиротехнички средства за празниците