Loading Video...
Кошарка
29. July 2019 - 16:27

Со „ладни глави“ јуниорите ги очекуваат следните дуели на ЕП во Романија

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска има слободен ден на шампионатот што се одржува во Романија.  Со „ладни глави“ јуниорите ги очекуваат следните дуели на ЕП воп Романија.
 
По трите победа над Ирска, Украина и Грузија, избраниците на селекторот Тони Симиќ веќе го осигураа својот пласман во четвртфиналето на првенството што се одржува во Ородеа. 
 
Еуфорија нема и не треба да има бидејќи изминатите три меча се само дел од она што претстои за нашите јуниори.  
 
Во дуелите кои претстојат против со Словачка и Данска, утре и задутре, црвено-жолтите ќе треба да ја потврдат добрата форма во која се наоѓаат, па со победи да го „зацементираат“ првото место во Б групата. 
 
Дури потоа следуваат вистинските предизвици, односно нокаут фазата, почнувајќи од четвртфиналната рунда, преку која нашите млади кошаркари ќе треба вистински да се докажат и да се изборат за едно од трите места кои носат пласман догодина во елитната “А - дивизија“.