Балкан
18. March 2020 - 16:24

Со коронавирусот заразени 48 здравствени работници во Грција, а околу 300 се во карантин

Во карантин поради новиот коронавирус се околу 300 вработени во здравствениот систем во Грција, а заразени се 48 здравствени работници, информираат од Федерацијата на вработени во грчките државни болници за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Федерацијата, Михалис Јанакос, говорејќи за информативниот портал „Ин“, вели дека оваа бројка може да е поголема со оглед на тоа дека некои ги чекаат резултатите од тестот, а други се веќе во домашна изолација.

Според грчките медиуми, само денеска, во две атински болници , во болничкиот и во административниот сектор, откриени најмалку десет позитивни случаи на коронавирусот.