Loading Video...
Свет
30. September 2022 - 16:46

Со концерти и маршеви Путин слави aнексиjа на 15 проценти од украинската територија

Владимир Путин прогласи анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, припојувајќи кон Русија 15% од територијата на Украина. Ја почитуваме  желбата на жителите на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје кои на референдумот  со огромно мнозинствот одлучија  да бидат дел од Русија порача шефот на руската држава пред голем број гости, пратеници верски лидери во салата свети Горги во големата палата во Кремњ. Упати и порака до властите во Киев и Западот. 

- Резултатите од гласањата беа јасни. Народот го направи својот избор. Тоа е јасен избор. Го повикуваме режимот во Киев да прекине со пукањето и веднаш да ги запре сите воени активности, вклучително и војната што ја започна во 2014 година, и да се врати на преговарачка маса. Ние сме подготвени да го сториме тоа, како што беше речено во многу наврати. Но, изборот на луѓето во областите Донецк, Луганск, Запорожје и Керсон не е предмет на дискусија. (изборот) е направен. Русија нема да го предаде порача Путин.

Претходно Путин и проруските лидерите во тие укриански региони  ги потпишаа договорите за анексија  и истите наредните денови треба да бидат потврдени од руските пратеници. Со анексијата на Луганск, Доњецк, Запоржје и Херсон заедно со Крим, Украина во целост ќо го изгуби излезот на Азовското море. Новите региони што Русија  ги пикираше не се целосно под нејзина контрола, но јасно стави до знаење  дека секое гранатирање на Доњецк, Луганск ,Херсон и Запорожје ќе биде сфатено како напад на Москва. Русија не може да присвојува  украински територии  преку незаконски рефендум  му порача Зеленски на Путин, соопштувајќи дека Украина официјално ќе побара забразно членство во НАТО.

Потезите на рускиот претседател ги осудија и сојузницте на Укриана и ОН. На денот кога Русија со концерти и маршеви  слави за нови територии, властите во Киев  обвинија дека во руски ракетен наапд врз хуманитерен конвој  во близина на сега анектиранииот град Запорожјуе биле убиени 23 цивили, вклучителни и едно дете...  Проруските сепаратисти пак тврдат дека украинската армија го извршила нападот.