Loading Video...
Свет
26. јуни 2018 - 18:24

Со комбе намерно влетал во просториите на холандскиот весник ДТелеграф во Амстердам

Холандската полиција трага по возачот кој со комбе ноќеска  удрил  во просториите на најтиражниот холандскиот весник Д Телеграф во Амстердам и предизвикал  пожар. Истражителите  соопштија дека се работи за намерен напад. И главниот уредник на весникот   го дели мислењето на истражителите . Во инциндетот нема повредени а противпожарните служби успеале да го изгаснат огнот пред да прошири и да предизивка   поголема штета.

Ципрас во Лондон дочекан со изивиците- Предавник, Макеоднија е Грчка, Срам да ти е

Група грци, вербално го нападнаа грчкиот  премеир Алексис Ципрас  за време на неговата посета на Лондон поради договорот за името со Макеоднија.   Предавник , Македонија е Грчка , Срам да ти е---извикуваа тие и фрлаа пари ,  додека тој  се движеше кон службеното возило.

Ципрас во Лондон се сретна со претставници на  грчката дијаспора а во текот на  денот  според најавите ќе има средба и со британската премеирка Тереза Меј

Детски фуднбалскли тим и нивиот тренер од петокот се заробени во пешетра во Тајланд

Се уште трае потрагата  по 12 мината  млади тајландски   фудбалери и нивниот тренер  кои од петокот  се   заробени во  поплавениот пештерскиот комплекс Там Луан Нанг Нон  во Тајланд . Потрагата по нив почнала во сабоата вечер  откако  биле пријавени за исчлезнати.  Властите претпоствуваат дека тие не можеле да излезат поради покачено ниво на водата во комплексот  поради невремето  што ого зафатило регионот. Там Луан Нанг Нон  е популарна туристичка  атракција која завршува многу километри под земја.