Македонија
1. December 2021 - 20:05

Со кеса или торба - како пазаруваа граѓаните по денешното поскапување на кесите на 15 денари?

Со ќесе од дома, торба или количка за пазарување вака денеска граѓаните купуваа од маркетите. 13ден хартиена 15ден. биоразградлива чинат доколку купите на  каса во продавница. Имаше и такви кои заборавиле па продуктите си ги носеа во раце. Граѓаните се со поделени мислења за примената на законот и повеќето од нив сметаат дека цената е превисока.

Повозрасните велат се навикнати да пазаруваат на овој начин бидејќи во минатото воопшто не постоеле пластични ќеси. Но, сметаат дека кога веќе се носи ваква мерка треба да важи за се што е во пластична амбалажа спакувано.

На пазарите и во пиљарите сликата е поинаква. Таму ќеси има колку што им треба на купувачите. Денеска пазарџиите не ги наплаќаа и реагираат дека примената на овој закон најмногу ќе ги погоди нив како продавачи.

На фискалната сметка од маркет ќесата е запишана како биоразградлива или хартиена. Откако од предвидените 15 денари за кеса ќе се одземе ДДВ-то од 18%, преостануваат 12,3 денари, пари што ќе одат во новиот Фонд на Министерството за животна средина. Трговците ќе треба да ги уплаќаат парите после секое тримесечје. Надлежните не знаат колку пари ќе се слеат во Фондот бидејќи тоа ќе зависи од навиките на потрошувачите.