Живот
5. October 2018 - 21:43

Со карпа потпирал врата во домот 30 години: Не бил ни свесен дека тоа парче е нешто сосема друго и чини 100.000 долари

Карпа од 22 килограми што со децении служела за потпирање врата во Мичиген се покажа дека е метеорит вреден 100.000 долари, објави Централниот универзитет во Мичиген.

Мона Сирбеску, професор по геологија на ЦМУ, постојано е замолувана од луѓе да ги испита карпите што ги носат кај неа, но досега ниту една не била карпа од вселената. За изминативе 18 години, според неа, за ниту една од карпите не било потврдено дека е метеорит.

Но, сето тоа се сменило кога била замолена да ја испита неверојатно обликуваната голема карпа што еден човек од Мичиген, кој не сакал да биде именуван, ја чувал изминативе 30 години.

-Можам веднаш да кажам дека ова е нешто посебно, рече Сирбеску.

По тестирањето, таа утврдила дека станува збор за метеорит што се состои од 88,5% железо и 11,5% никел. Со тежина од 22 килограми, тоа е шестото најголемо снимено откритие во Мичиген – чија потенцијална вредност е 100 000 долари.

-Тоа е највредниот примерок што некогаш сум го држела во рацете – и според паричната, но и научната вредност, рече Сирбеску.

За двојна верификација, парче од карпата е испратено до Смитсонијан институтот во Вашингтон, каде што беше потврдено дека е всушност метеорит.