Македонија
28. November 2022 - 16:48

Со изгореници од трет степен девојчето кое снимаше Тик Ток на вагон е во тешка, но стабилна состојба

Во критична состојба на Интензивна нега на КАРИЛ е 17 годишната девојка која вчера се здобила со сериозни повреди од струен удар, додека се обидувала да се качи на воз кај станицата во Маџари за да се фотографира. Од Клинички за Сител информираат дека пациентката има сериозни изгореници од 2 и 3 степен на дури 38 проценти од кожата, најмногу на грбот и околу колковите. Луѓе кои биле во непосредна близина кога се случила несреќата велат дека тинејџерката била со другарка. Кога сакала да се качи на возот влегла во магнетно поле и веднаш ја кренало во воздух неколку метри, по што ја отфрлило на кровот од вагонот и почнала да гори. Вработени во “Македонски железници” морале да ја приземјат струјата за да не настрадаат и други лица кои се обидувале да и помогнат.

Според информациите во јавноста другарките имале намера да се снимаат на возот за објави на социјалните мрежи. Ваквите инциденти во последно време стануваат се почести, некои завршија и фатално за млади лица. Тинејџери за “лајк” повеќе си го ризикуваат животот. Психолозите се категорични дека на младите и дома и на училиште треба да им се објасни дека “он лајн”  и реалниот живот се драстично различни.

-Животот и лајковите се толку различни работи затоа што лајкови , дали денес или утре ќе имаме повеќе или помалку, а животот е еден. И кога ќе престане ние не можеме да прподолжиме да бркаме лајкови. Можеби на младите треба да им се објасни разликата, вели Мирјана Јовановска Стојановска, психолог и претседател на Комората на психолози на Македонија.

Освен несреќи при обид да направат по интересна фотографија, изминатите години на железничките пруги во земјава од струен удар загинаа и неколку мигранти и лица кои се обидувале да крадат железо.