Бизнис
21. March 2019 - 19:41

Со инвестиции во преработувачки капацитети ќе се подобрува состојбата во земјоделството

Компаниите да ги користат европските пари за подобро земјоделско производство. Со инветсирање во нова опрема создаваат производи со поголема врендост, а преку ИПАРД програмата си враќаат и дел од вложените пари.

Млекарница од тетовско инвестрала 100.000 евра во машини, а назад преку ЕУ фондовите добила 50.000 евра. Вицепремиерот Ангушев вели дека инветсирањето во преработувачки капацити ќе ги заштити земјоделците.

„Со проширување во преработка на земјоделските производи, тие своите производи нема да мораат да ги продаваат само како свежи, туку и преработени производи со што се зголемува трајноста, а и додадената вредност. Она што е најважно е дека на тој начин земјоделците нема да бидат условени и уценети своите производи да ги продаваат по најниска цена или воопшто да не го продадат својот род и да претрпат финансиска штета, туку ќе му додадат дополнителна вредност на својот труд. Овие програми се дизајнирани токму за да ги решат овие проблеми“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Претходниот месец завршија два нови повика за пари од ИПАРД прогармата. Министерот Николвоски вели дека интересот е голем., Поднесени биле 1200 барања за инветсиции во врњендост од 33 милиони евра.

„Особено ме радува што најголем дел од овие средства веќе се слеваат или инвестираат во преработувачката индустрија во делот на целокупниот сектор на земјоделството, се со цел решавање на клучните проблеми во целиот сектор, особно решавање на вишокот производство, но и за производство на прозводи со висока додадена вредност, кои се извезуваат на странските пазари, вели Николовски.

Барањата од претходните два повика се обработуваат, а кон средината на годаната ќе има уште еден повик за пари од ИПАРД 2 програмата.