Loading Video...
Свет
11. July 2020 - 17:56

Со интонирање на химната на Босна и Херцеговина и едноминутен молк-вака притусните им одадоа почит на убиените Бошњаци

 

Со интонирање на химната на Босна и Херцеговина и едноминутен молк-вака притусните на комеморацијата по повод 25 години од геноцидот во Сребреница им одадоа почит на убиените Бошњаци за време на војната во 1995 година.

Поради зосторствата во Сребреница досега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни.

Масакрот во Сребреница е најголемо масовно убиство во Европа по Втората светска војна,а биле убиени над 8 000 босански муслимани.  

Наместо љубезност и гостопримство, српски туристи биле избркани од мештаните на грчниот остров Евија. Туристите беа принудени да го напуштат островот, затоа што на локалните жители им било страв од вирусот и не го сакале нивното присуство. Ова следи откако 85 српски државјани кои вчера пристигнале на остоврот, биле тестирани и кај сите пестот покажал дека се негативни на Ковид 19. Вчера Србија го имаше најцрн ден од почетокот на епидемијата со 18 починати и 386 нови заболени од Ковид 19.

Низа реакции во јавноста по одлуката на Врховниот суд во Турција музејот Аја Софија да се пренамени во џамија. Според Грција, одлуката е отворена провокација кон целиот цивилизиран свет, кој ја признава уникатната вредност и универзалноста на споменикот. Реагираше и руската православна црква од каде посочија дека ова не значи усогласување на на постојните разлики, туку напротив, може да доведе до уште поголеми поделби. Разочарани од одлуката се и се САД. Тамошните власти се надеваат дека Турција  ќе гарантира пристап до Аја Софија за сите посетители, како што тоа и го вети. Пренамената на објектот, ја осудија и  високи европски претставници.

Жалење изрази и УНЕСКО, под чија заштита беше објектот, потенцирајќи дека Света Софија како дел од Истанбул има силна симбиличка, историска и универзална вредност.