Македонија
9. јуни 2018 - 19:42

Со „Гурманфест“ почна туристичката сезона во Дојран

Дојран ја започна новата туристичка сезона. Официјалниот старт на сезоната во која дојранчани очекуваат рекорна посетеност од околу 200.000 туристи беше направен со Дојран гурман фест, фестивал на  дојранската  кујна, традиција и култура. На првите гости вредните домакинки добредојде им посакаа со специјалитети од кои некои  биле стари колку и самото езеро. Единстеваната риба на трска, крап  тава, лангиди од икра, сарапуче, слатко од диви смокви беа само дел од богатата гурманска понуда на Дојран.

,, Со самото постоење на езерото си постојат и тие специјалитети. Тие се негуваат , ние си ги зачувуваме. Всушност тоа е и целта, едно дружење со  цел да се зачува нешто што е традиција од порано.,, вели ТАНКА АЈЦЕВА- ЗДРЖЕНИЕ НА ЖЕНИ ,, ДОЈРАНА,,

,, Рецептите се пренесени традиционално од нашите баби, прабаби, од колено на колено.,, вели  Анита Тасева, учесник на манифестацијата.

,, Добро е помалдите да се научат старските работи да ги прават. Ете на пример пиринлија, едноставно, а убаво.,, вели Катерина Ефтимова, учесник на манифестацијата. 

За градоначалникот Анго Ангов оваа манифестација е најдобриот начин  покеај убавините на езерото на туристите да им се презентираат и богатата традиција и култура на локалното население,  но и специјалитетеите специфични само за Дојран.

,, Ние како општина еве сега се залагаме за што е можно поголема промоција и афирмација на сите културно историски споменици, сите традиционални вредности кои што ги поседува Дојран затоа што Дојран не само езерото и езерската убавина, туку има и ред други убавини кои што не се доволно афирмирани и промовирани.,, вели Анго Ангов – градоначалникот на Општина Дојран.

За  туристите кои оваа лето ќе престојуваат во Дојран општината најавува богата програма со голем број содржини. Во рамки на манифестацијата Дојрански ракувања планирани се над шеесетина различни настани  меѓу кои неколку фестивали, повеќе концерти на домашни и странски изведувачи, театарски претстави.